Тешка семејна расправија: Жена со 2,6 промили алкохол го нападнала сопругот

30-годишна жена од Кавадарци е лишена од слобода по пријава дека рано утринава го повредила својот сопруг во нивниот семеен дом.

Инцидентот бил пријавен околу 06:30 часот, кога по вербална расправија меѓу сопружниците, жената наводно му нанела повреди на 43-годишниот сопруг со остар предмет. По пријавата, ОВР Кавадарци веднаш интервенирале и ја привеле осомничената.

Од СВР Велес информираат дека предметот со кој бил извршен нападот е пронајден и одземен, а при полициската постапка кај жената било утврдено присуство на 2,61 промили алкохол во крвта.

Осомничената е задржана во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава