Уапсени момче и девојка во Св. Николе – фатени додека користеле дрога во стан!

ФОТО: МВР

Во Св. Николе, полицијата уапси девојка и момче за користење дрога во стан. На 5 ноември 2025 година, во 12:05 часот, полициските службеници од ОВР Свети Николе ги лишија од слобода Д.Т. (30) од Свети Николе и 25-годишната А.П. од село Горобинци.

При претресот на домот на Д.Т., извршен со судска наредба, затекната е А.П. како заедно со него користи дрога. Во текот на претресот, пронајдени се неколку пакувања со прашкаста материја, како и предмети со остатоци од истата. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава