Драма во ноќен клуб во Скопје: приведен маж нападнал полицајци и се обидел да избега

Дваесет и осумгодишен маж од Пробиштип бил лишен од слобода во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, откако кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а подоцна физички нападнал и полициски службеници.

Како што информираат од полицијата, на 19 април 2026 година во 02:50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Н.Т. (28) од Пробиштип во ноќен клуб во Карпош.

При интервенцијата, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Според пријавеното, по пристигнувањето во кругот на Полициската станица Карпош, тој физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да избега, но бил совладан и повторно приведен.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава