Ги довела во заблуда и банкарските службеници: кривична пријава за 54-годишна жена

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С. (54) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Според информациите од полицијата, на 23 декември 2025 година, пријавената, користејќи ги податоците и полномошното на својот починат сопруг, со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат и извршила други плаќања.

Потоа, на 24 декември 2025 година, како што се наведува во пријавата, таа ги довела во заблуда и вработените во банка, откако не кажала дека нејзиниот сопруг е починат, па користејќи го истото полномошно, подигнала пари и на шалтер.

По документирањето на случајот, против неа е поднесена соодветна кривична пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава