Кичевец приведен по претрес, полицијата пронашла две пушки и муниција

ФОТО: МВР

Шеесет и петгодишен жител на Кичево бил лишен од слобода откако при претреси во негов дом и помошни простории биле пронајдени две пушки и муниција од различен калибар.

Како што информира полицијата, на 7 мај 2026 година околу 18 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле Д.С. (65) од Кичево.

При претреси извршени со судска наредба во неговиот дом и помошни простории во Кичево, како и во село Попоец, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми од различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава