Две лица од Скопје се уапсени поради разбојништво врз 74-годишна жена, откако со употреба на сила ѝ го одзеле накитот на мостот „Гоце Делчев“.
Според информациите од полицијата, настанот се случил на 11 април околу 13:05 часот, кога осомничените А.М. (39) и А.С. (28) физички ја нападнале жената и ѝ го одзеле накитот што го носела. По пријавата, полициски службеници од СВР Скопје брзо презеле мерки и активности, по што околу 15:30 часот двајцата биле пронајдени и лишени од слобода.
Одземените предмети се пронајдени и ќе ѝ бидат вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


