Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Како до енергетски поефикасна куќа?
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Како до енергетски поефикасна куќа?
Интересно

Како до енергетски поефикасна куќа?

04.03.2025
Share
SHARE

Енергетската ефикасност се повеќе се бара во градежната индустрија, пред се поради намалувањето на потрошувачката на енергија, а со тоа и пониски месечни сметки, но и поради зголемената грижа за животната средина. Постојат многу начини да го направите вашиот дом енергетски поефикасен, а секој од нив ќе донесе заштеда на долг рок. Разговаравме со експерти и ги прашавме – како до енергетски поефикасна куќа?

 

Енергетската ефикасност има за цел потрошувачката на енергија да се намали, притоа да не се наруши  удобноста на живеење. Енергетски ефикасните објекти користат помалку енергија за греење, вентилација и климатизација, со оптимални услови за живеење. Гледано долгорочно, станува збор за голема заштеда, така што самата инвестиција во енергетски ефикасни системи се исплаќа повеќекратно. За ова треба особено даразмислитеза време на градба на објектот.

Во разговор со различни изведувачи, платформата Daibau истражуваше кои се најдобрите начини за подобрување на енергетската ефикасност, а со тоа и да се намалат месечните сметки.

Употреба на изолациски материјали

Се проценува дека употребата на соодветна изолација може да заштеди до 60% од енергијата потребна за греење. Тоа воопшто не е за потценување!

Кога има висококвалитетна топлинска изолација, се спречува развојот на влага и појава на кондензација, а со тоа и упорна мувла на ѕидовите. Се создаваат одлични услови за престој во затворени простории бидејќи просториите се топли во зима, а ладни во лето. Имено, бидејќи сеодржува удобна температураи во текот на летните месеци, помала е потребата за климатизација. Помалку климатизација = помала потрошувачка на енергија. Топлинската изолација со соодветна дебелина обезбедува звучна изолација, но, и заштита на објектот од надворешни влијанија.

Повеќето луѓе се одлучуваат за демит фасада, т.е. контактна фасада – повеќе компонентен систем со топлинска изолација од камена волна или стиропор.

„Кај контактна фасада изолацијата се лепи директно на ѕидот.“

Демит фасадите се долготрајни, обезбедуваат одлична топлинска и звучна изолација. Иако стиропорот е попопуларно решение, камената волна е подобра, првенствено поради поголема пропустливост на пареа – ѕидовите „дишат“, што спречува појава на мувла; подобра звучна изолација, отпорност на пожар, може да се постави насекаде дури и таму каде што стиропорот не може. Покрај тоа, камената волна е природен материјал.

Контактната фасада исто така има и некои недостатоци. Недостатоците на контактната фасада се потешка монтажа – се состои од неколку слоеви кои мора да се изведат беспрекорно, бидејќи во спротивно ќе се појават топлински мостови, пукање на малтерот или лоша изолација. Покрај тоа, поголем број слоеви ја зголемуваат дебелината на самиот објект.

Овие недостатоци може да се избегнат користејќи тули кои веќево себе имаат изолационен материјал.Тули кои се исполнети со камена волна, обезбедува оптимална топлинска изолација, без потреба од дополнителни надворешни слоеви на изолација. Пример за тоа е Porotherm IZO Profi, кој се наменети за изградба на енергетски ефикасни домови како што се нула-енергетски, пасивни и ниско енергетски куќи.

Надворешните ѕидови градени со тулиполнети со камена волна претставуваат одржливо и современо решение, кое значително ги намалува трошоците за греење во зима и климатизација во лето. Се разбира, на овој начин се забрзува изградбата, но, се намалуваат и трошоците за изградба. Значи, повеќекратна заштеда на долг рок.

Енергетски ефикасна столарија

Дали знаевте дека преку прозорци и вратите сегуби дури 40% од енергијата за греење? Доколку столаријата е дотраена, неисправна или не запечатува добро, ќе пропушта ладно однадвор, односно ќе пропушта топлина од загреаните простории, додека во текот на летните месеци поради продорот на топол воздух ќе има поголема потреба од климатизација. Тоа значи повисоки месечни сметки за струја.

Во овој случај, потребно е да се замени столаријата, по можност со енергетски ефикасна. Добро е да се одлучите ниско емисиони, Low-Eстакла и тоа тројни, бидејќи загубите во преносот ќе бидат помали за 30-40%. Добар избор се прозорци исполнети со аргон. И самата рамка влијае на загубата на топлина. Доколку се одлучите за ПВЦ прозорци, изберете ги оние со пет или шест воздушни комори во профилот на прозорецот.

„ПВЦ прозорците се добар избор поради нивната ниска топлинска спроводливост“.

Кај поткровје кое служи за станбен простор, важно е да се избератквалитетни ПВЦ тавански прозорци. Прозорците спречуваат прегревање на поткровјето и овозможуваат соодветна вентилација. Тие пропуштаат до 30% повеќе светлина од класичните прозорци.

Прозорците треба да обезбедат добра изолација исто како и столаријата на надворешните ѕидови на зградата. За простории со поголема количина на влага, како што се бањи и кујни, можете да изберете посебни прозорци. Тие се таквиTondach PVC тавански прозорци кои имаат бел премаз на рамката кој обезбедува дополнителна заштита од влага.

Топлински пумпи

Топлинските пумпи се уште еден добар начин за заштеда на енергија. Тие користат топлина од природата – воздух, почва, вода и ја пренесуваат во системот за греење или во системот за снабдување со топла вода. Дури 75% од енергијата, топлинските пумпи ја преземаат од обновливи извори, додека само 25% користат електрична енергија за работа на компресорот. За енергетската ефикасност на пумпите доволно зборува фактот дека за 1 kW потрошена електрична енергија, произведува дури 4 kW топлинска енергија.

Овие системи се долготрајни – работниот век на топлинската пумпа се проценува на 25 години. Топлинските пумпи ги делиме според изворот од кој ја црпат топлината на топлински пумпи: земја-вода, воздух-вода и вода-вода.

„Инвестицијата во топлинска пумпа се исплаќа во просек за 5 години.“

Топлинската пумпа работи ефикасно на температури и до -20 степени. Најдобро е да се комбинира со подно или ѕидно греење, бидејќи се работи за ниско температурни системи – за разлика од радијаторите кои користат вода на пониска температура. Топлинската пумпа во секој момент може да обезбеди доволна температура на водата за функционирање на подното греење.

Добри начини да го направите вашиот дом енергетски поефикасен е со монтажа на соларна електрана на покривот од куќата, уреди со повисока енергетска класа, паметни системи за управување со енергија…

Енергетската ефикасност не е само тренд, туку неопходност што носи долгорочни заштеди, ја зголемува удобноста и го намалува негативното влијание врз животната средина. Преку соодветна изолација, квалитетни прозорци и врати, користење на обновливи извори на енергија и ефикасни системи за греење и ладење, можно е значително да се подобри квалитетот на животот.

____________________________________________

MИА – ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

ИЗВОР МИА

You Might Also Like

Еволуцијата на Грција на една слика

Дали сме навистина осамени – или само не знаеме како да бидеме со себе?

Сараево и Дубровник ќе се поврзат со 350 километри велосипедска рута

Тажната приказна зад Радин мост

Лион се бори со топлотниот бран и со бесплатни кинобилети за социјално загрозените лица

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?