Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Од што зависат цените на ПВЦ прозорците?

30.05.2025 00:57
Сподели

Популарноста на ПВЦ прозорците е се поголема поради бројните предности што ги нудат. Тие се долготрајни (можат да издржат над 20 години без проблеми), обезбедуваат одлична топлинска изолација бидејќи се направени од материјали со ниска спроводливост, како и звучна изолација до 48 dB.

Покрај тоа, ПВЦ прозорците можат да издржат неповолни временски услови, тие не гнијат, а и не ги напаѓаат штетници како дрвените прозорци. Во споредба со дрвените прозорци, ПВЦ прозорците не бараат толку многу одржување, доволно е да ги избришете со влажна крпа или доколку се многу извалкани, се чистат со благ раствор на детергент.

Денес ПВЦ прозорците се појавуваат во мноштво бои и дизајни, дури можат да имитираат и природни материјали, како на пример, дрво. Може да се одлучите дури и за двобојни профили, кои имаат различна боја однадвор и внатре, за подобро да се вклопат во внатрешноста, односно фасадата.

Банер Банер BrandEcho

Сепак, предноста на ПВЦ прозорците за која се одлучуваат повеќето луѓе е пониска цена во споредба со другите материјали. Најевтините ПВЦ прозорци се движат од 80 евра и нагоре. Сепак, има и такви кои се 3 пати поскапи. Затоа истражуваме – од што зависат цените на ПВЦ прозорците?

Фактори кои влијаат на цените на ПВЦ прозорците

Ad image

Бројот на комори на ПВЦ рамката

ПВЦ профилите се состојат од комори, таканаречени воздушни џебови. Едната комора е секогаш поголема од другите и содржи челичен профил, додека другите содржат воздух. А бидејќи воздухот е одличен изолатор, поголем број на комори значи подобра топлинска изолација на прозорецот. Коморите во ПВЦ прозорецот спречуваат загуба на топлина. Денес, ПВЦ прозорци генерално се состојат од 5 или 6 воздушни комори, што е одлично од енергетска гледна точка.

Но, колку е поголем бројот на комори, толку е поголема цената. Сепак, таа не се менува драстично. На пример, разликата помеѓу ПВЦ прозорци со 5 и прозорци со 6 комори е околу 15 евра.

Тип на стакло на ПВЦ прозорци

Може да се каже дека стаклото „игра“ уште поважна улога бидејќи сочинува 70% од површината на прозорецот. Можете да изберете помеѓу двојно и тројно застаклување. Тројното застаклување е подобар избор бидејќи обезбедува подобра топлинска изолација. Имено, со тројно застаклување има две воздушни комори, а со двојно застаклување само една воздушна комора. Тоа се одразува и на топлинските загуби – со двојно застаклување загубата на топлина изнесува 1,1 W/m2K, додека со тројно застаклување е двојно пониска – 0,5 W/m2K.

Сепак, важно е да се истакне дека прозорците со тројно застаклување, во просек, се 25-30% поскапи за разлика од двојно застаклување. Доколку се одлучите за стакло со ниска емисија, Low-E, цената ќе биде уште поголема.

Димензии на ПВЦ прозорци

Стандардните димензии на ПВЦ прозорците се 60×120 цм или 80×160 цм. Нестандардните големини секогаш ќе бидат поскапи. Ова правило важи не само за ПВЦ прозорци, туку и за прозорци направени од други материјали. Исто така, колку е поголем прозорецот, толку повеќе неговата цена пропорционално ќе се зголемува.

Форма на ПВЦ прозорци

И во овој случај, нестандардни прозорци значат повисока цена. ПВЦ прозорците обично се правоаголни и како такви секогаш ќе бидат поевтини, на пример, од кружните. Причината лежи во фактот дека во случај на нестандардни форми, прозорците се прават по нарачка.

Начин на отворање на ПВЦ прозорци

На самата цена на ПВЦ прозорецот влијае начинот на неговото отворање. Најевтини секако ќе бидат фиксните ПВЦ прозорци, оние кои не се отвораат. Прозорците со едно крило се секогаш поевтини од прозорците со две или повеќе крила. Исто така, поскапи се прозорците со лизгачки, лизгачки-кревачки или преклопувачки механизми, бидејќи имаат посложени системи.

Додатоци за ПВЦ прозорци

Доколку сакате со прозорците да се вградат и ролетни и мрежи против комарци, цената разбирливо ќе се зголеми. Цената подоцна ќе варира во зависност од тоа дали се работи

за мрежи за комарци со ПВЦ или алуминиумска рамка, фиксна или подвижна, ролна, панелна мрежа за комарци или плисирана мрежа за комарци. Доколку сте се одлучиле за надворешни ролетни, цената ќе зависи од тоа дали се направени од ПВЦ или од алуминиумски летви и сл.

Доколку во цената не е вклучена и цената на монтажа, на вкупниот износ за изработка мора да го додадете и тој трошок. RAL монтажа на прозорци е секогаш најдобриот избор, иако е и најскапиот.

Од Јованка Јанкоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кое е главното хоби на Путин?

Не верувајте на очите! 5 мистериозни небесни феномени што ќе ве остават без зборови!

Топ 5 најплатените работни места во Германија: Астрономски приходи за неатрактивни занимања

Си даде отказ, ја продаде куќата и со Lamborghini Urus кампуваше во Македонија

Во која европска земја има најстари автомобили?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Како да ја намалите сметката за електрична енергија со едноставни промени во перењето

Позитивни моменти кои се случија во 2024 година

Интересно

Пред нас се неколку години со екстремно високи температури – предупредија најголемите метеоролошки служби во светот

Австралијците најдолго живеат во англојазичното подрачје

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?