Претрес во село кај Македонска Каменица: пронајдена ловечка пушка и над 150 патрони

По наредба на Основниот суд Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес во дом и помошни простории на 30-годишен жител на селото Тодоровци, општина Македонска Каменица.

Претресот бил реализиран на 26 јануари 2026 година, во периодот од 17:30 до 18:00 часот.

При контролата, во гаражниот простор биле пронајдени и одземени ловечка пушка марка „Црвена Застава“ калибар 16 GA, како и седум кутии со вкупно 155 ловечки патрони од ист калибар.

За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите потребни дејствија за целосно расчистување на случајот.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава