Седумдесет и деветгодишен жител на Скопје бил лишен од слобода, откако против него била поднесена пријава за недолично однесување кон малолетно девојче.
Како што информира полицијата, на 7 мај 2026 година околу 23 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Д. (79) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното, истиот ден околу 15 часот, во неговиот семеен дом, тој недолично се однесувал кон својата малолетна сосетка, односно ја допирал по телото.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


