Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Дијаспора и МНМ

(ВИДЕО) Градоначалникот на Лерин го забрани пеењето на македонски песни

26.12.2025 07:39
Сподели

Традиционалното празнично одбележување на Коледе во Лерин (Флорина) годинава помина со контроверзии, откако градските власти интервенирале и забраниле изведба на песни на македонски јазик за време на јавната прослава.

Инцидентот се случил за време на настапот на музичкиот состав „Ендопика“, кои во рамки на програмата планирале да ја изведат познатата македонска народна песна „Софка на татко“. Непосредно пред настапот, музичарите добиле јасна инструкција од организаторите и претставници на локалната власт дека пеење на македонски јазик не е дозволено.

Според упатството, песната можела да биде изведена единствено во инструментална верзија, без вокална интерпретација. Овој потег, според дел од присутните и активисти за човекови права, го претворил културниот настан во пример за цензура и ограничување на изразувањето на македонското малцинство во регионот.

Банер Банер BrandEcho

Активистот за правата на Македонците во Грција, Павле Васкопулос, вели дека ваквите случаи не се изолирани. Тој посочува дека во Леринско, Костурско и Воденско со години постои притисок врз граѓаните кои јавно го користат македонскиот јазик или зборуваат за својот идентитет.

„Луѓето кои се осмелуваат јавно да зборуваат за своите права често се етикетирани како ’скопски агенти‘ и се изложени на стигматизација и притисоци“, изјави Васкопулос.

Медиумите, меѓу кои и ТВ 24, се обиделе да добијат официјално објаснување од Општина Лерин за одлуката на градоначалникот Василеос Гианакис, но до објавувањето на овој текст одговор нема. Останува нејасно зошто изведбата на една народна песна на мајчин јазик предизвикува забрана на јавен настан во 21 век.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

16 години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

ИЗБОРИ 2024 / ОМД ги повикува Македонците од дијаспората да се регистрираат за гласање на претстојните избори

Одлука што ја тресе Преспа: Македонците остро против планот на Рама

СМК: Македонија повеќе не треба да праќа оружје во Украина!

Македонците во Торонто – документарна емисија од 1984 година (ВИДЕО)

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Дијаспора и МНМ

СМК: Сочувство за 17-годишниот Стивен Ивановски

Дијаспора и МНМ

„Нема да молчиме“: Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со жестока реакција на бугарските обвинувања

Дијаспора и МНМ

Богослужба за прочка во Копенхаген

Дијаспора и МНМ

Македонците од Пиринска Македонија му оддадоа почит на Гоце Делчев

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?