Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Хроника

Дрога скриена во шлепувано возило: тројца скопјани под истрага

28.01.2026 13:37
ФОТО: МВР
Сподели

Министерство за внатрешни работи, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59), сите од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите од истрагата, на 26 јануари 2026 година, првоосомничениот М.З. од лице од Струга купил моторно возило „Опел Комбо“ со швајцарски регистарски ознаки. Заедно со И.Б., во возилото била сместена поголема количина марихуана, по што го контактирале Г.Б. за да го шлепува возилото од Струга до Скопје за надомест од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба.

По пристигнувањето во Скопје, М.З. и И.Б. побарале од Г.Б. за дополнителни 40 евра да продолжи да вози кон Свети Николе, следејќи ги зад возило „Мерцедес“ во кое тие се превезувале.

Банер Банер BrandEcho

На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации за транспорт на голема количина дрога, го запреле товарното возило „Ивеко“ кое го шлепувало „Опел Комбо“.

При деталниот преглед на задната клупа и багажниот простор на шлепуваното возило, биле пронајдени осум торби со вкупно 50 пакувања марихуана.

По извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека запленетата дрога изнесува околу 150 килограми марихуана.

По целосно документирање на случајот, против тројцата осомничени е поднесена кривична пријава, а истрагата продолжува под надлежност на обвинителството.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ноќ на насилство во Неготино – тепачка поради напад врз девојка

Лишено од слобода лице барано со потерница за казна затвор од три години

Дете возело автомобил и удрило во столб – еден со тешки повреди

Таксист нападнал и ограбил патници

Шокантен инцидент во струмичко – 65-годишник ранил малолетник со воздушна пушка!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Со 2,32 промили алкохол направи хаос на булевар во Скопје – две лица повредени

Хроника

Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола

Хроника

Маж и неговото куче удрени во центарот на Битола – едниот преживеа, другиот не

Хроника

Акциска контрола во тетовско, приведени странски државјани

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?