Страшен судир на „Партизанска“ – 17-годишник итно пренесен во болница

ФОТО: МВР

Доцна синоќа во Скопје се случи сериозна сообраќајна несреќа во која тешко е повреден малолетник, откако мопед и патничко возило се судриле на една од најфреквентните градски сообраќајници.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Македонија, на 07.02.2026 година околу 23:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ дошло до судир помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Х.Д., и мопед управуван од 17-годишник.

Во несреќата најтешко поминал 17-годишен сопатник на мопедот, кој се здобил со тешки телесни повреди. Тој веднаш бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде лекарите ги констатирале сериозните повреди и му била укажана медицинска помош.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на полицијата, а се работи на целосно расчистување на причините и околностите под кои дошло до несреќата.

Булеварот „Партизански одреди“ важи за една од најпрометните сообраќајници во градот, особено во вечерните часови, поради што полицијата апелира до возачите за поголема внимателност и почитување на сообраќајните правила.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава